Флексографички бои

Бои на солвентна база, Водорастворни бои

flexo

Флексографички бои се наменети за флексо и бакро печатење т.е. бои за печатење на флексибилна амбалажа, картон и натрон амбалажа. Располагаме со два типа на флексографички бои. Флексо бои на база на органски растворувачи и водорастворни.

Секогаш на залиха располагаме со CMYK боите или нијанси според PANTONE карта. Можни се порачки за нестандарни нијанси и за различна основи за печатење кои најчесто се брендираат според купувачот со што строго се задржува нијансата во секоја наредна количина.

Покрај боите како основен матерјал постојано располагаме и со разредувачи, успорувачи, убрзувачи, клинери, фершнит, ракели и останати пропратни матерјали за флексографичкото печатење.

Сите флексо бои ги поседуваат највисоките стандарди за квалитет и екологија.